Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, стана мета на потсмев во јавноста откако на жените вработени во општинската администрација за 8-ми март сакаше да им подари фигара за коса.
Како што беше објавено на Бирото за јавни набавки, имаше план за набавка на 45 производи за нега на коса – фигаро, за потребите на општина Радовиш.
Вчера, се пофали дека за полицијата во градот набавил, верувале или не, ЕДЕН компјутер.
Како што јави локалната телевизија, тој посакал долго да ги служи и да им помогне „дисциплината во Радовиш да се подигне на повисоко ниво“.
Големото фалење со еден комјутер стана мета на потсмев меѓу граѓаните на социјалните мрежи.
По острата осуда од јавноста, беше поништен тендерот за набавка на фигара за коса. Се надеваме дека по критиките сега нема да одлучи да им го земе компјутерот на полицајците.