Повеќе од 40 часа се трага по исчезната 50-годишна прилепчанка. На прилепчанката Весна Николоска и се губи трагата откако околу 23 часот на 16 декември излегла од својот дом на, како што се вели, рекреативно трчање.
Загриженото семејство трага по неа, а во потрагата се вклучени од полицијата, од прилепската противпожарна единица, спасувачката служба„ „Златоврв” и голем број доброволци. Во моментов по 50-годишната прилепчанка трагаат околу 400 прилепчани.