Изгореа два стана во социјалната зграда во Берово. Станува збор за повеќечлени семејства со мали дечиња од Берово кои моментално се без место на живеење.
Според очевидци глетката била страшна за време на гаснењето на пожарот. Беровските полициски службеници и пожарникарите спречиле поголема катастрофа.
Соседка на унесреќените семејства вели дека едното од семејствата е сместено во плевна, додека второто семејство по вчерашниот пожар не им останало ниту едно ќебе за да се покријат во текот на ноќта.
Извор: delcevo365.mk