вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Извршено внатрешно уредување на дебарската градска депонија

Извршено внатрешно уредување на дебарската градска депонија

Во рамки на проектот за уредување на градската депонија, преземен е нов зафат за нејзино внатрешно уредување.

– Се интервенираше во градската депонија за да се уреди патот во внатрешноста на депонијата, каде што се движат специјалните камиони кои вршат дотур на отпад. Оваа акција беше спроведена во рамки на проектот за одржување на градската депонија, информираа од Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Додаваат дека патот кој минува во внатрешноста на депонијата е попесочен, што многу ќе го олесни движењето на возилата.

Претходно на градската депонија беа реализирани активности за нејзино уредување, но и поголема контрола врз неа, што беше последователна активност на локалната власт во напорите за почист град.

Беа поставени безбедносни камери и светилки, изградена е бетонска ограда со рампа на влезот, со што се минимизираа честите проблеми, како што се палење на отпадот, депонирање отпад без критериуми во и надвор од депонијата. (МИА)