Кандидатот за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ Митко Јанчев , кој е воедно и актуелен градоначалник на Кавадарци, вечерва се обрати пред жителите на село Ваташа.
Јанчев пред жителите на Ваташа рече дека ќе се негува историјата и споменикот во Ваташа. Да не не навредуваат , зашто гордост е да се каже дека си од Ваташа.
Во изминатите четири години е направено многу , големи инфраструктурни проекти. Сега ќе направиме уште повеќе , зашто има благодет во овој крај за да биде посетено од сите во Македонија.