среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јанчев: Реконструкција на повеќе булевари, се руши стариот дом во Дреново

Јанчев: Реконструкција на повеќе булевари, се руши стариот дом во Дреново

Првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев објави дека во фаза на реконструкција се повеќе булевари во Општината а се руши и стариот дом во Дреново.

„Се руши стариот дом во село Дреново.

Во текот на 2023 година се планира со изградба на објект – Дом на култура, кој ќе има повеќенаменска сала која ќе служи за разни културни манифестации за потребите на селото.

Истовремено салата ќе може да се користи и како спортска сала за децата од основното училиште во село Дреново. Во склоп на истиот објект ќе има и соблекувални и туш кабини, како и просторија со посебен влез, за потребите на месната заедница.

Нето површината на објектот ќе изнесува 470м2“, објави Јанчев.

„Со привршување на првата делница, се преминува на реконструкција на втората од проектот на КФВ банка, која ги опфаќа Булеварите Македонија, Никола Минчев и Цветан Димов.

Денеска на Булевар ,,Македонија’’ се започна со монтажа на атмосферска канализација во должина по целиот булевар со Ф1200 цевки од 600 метри.

Изведувач на работите е Жикол“, стои во објавата на Јанчев.