Се поплочуваат два крака од улицата ,,Лазо Мицев’’ откако претходно беше поставена фекална канализација од страна на ЈП Комуналец. Изведбата е согласно договорот за поплочување на Месната заедница Кула, а изведувач е фирмата Павер Трејд, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.