Започна реконструкцијата на О.О.У ,,Димката Ангелов Габерот – Кавадарци’’ подрачно училиште во село Сопот.
Во тек се поголеми градежни зафати кои се однесуваат на изградба на комплетно нови тоалети, реконструкција на ходниците и поставување на комплетно нови внатрешни врати, промена на сите подови и реконструкција на ѕидовите и плафоните, целосна замена на електричната инсталација во училиштето и поставување на ново осветлување во целото училиште.
Значително ќе се подобрат условите за изведување на настава, енергетската ефикасност, а учениците ќе добијат современо училиште, во кое се остварува воспитно-образовен процес согласно најсовремените стандарди.
Кавадарци за сите, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.