Во Клиничка болница Тетово денеска беше извршена промоција на ново возило за Итната медицинска помош кое се набави со помош на грант од Јапонија.
Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда беше присутна на настанот.
-Ми претставува чест и задоволство да се вратам во Тетово на церемонијата за промоција на амбулантното возило. Утрово има диксусија со градоначалничката и решивме да продолжиме со соработката. Минатиот пат кога го посетив Тетово беше кога се потпиша грант договорот за набавка на амбулантното возило. Дрго ми е што бргу се имплементираше проектот во најпотребни моменти за луѓето во Тетово. Овој проект е иницијатива на директорот Фљорин Бесими и сум многу среќна што народот на Јапонија вака можеше да му помогне на народот тука. Би сакала да се заблагодарам на сите здравствени работници кои со нивната работа им помагаат на граѓаните во овие тешки времиња, рече амбасадроката Кеико Ханеда.
Грантот за набавка беше потпишан на 7 ноември 2019 година. Досега Јапонија има доделено пет грантови за општина Тетово.