недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јорданов: Инвестираме во подземна инфраструктура, населба Македонка ќе биде дел од водоснабдителниот систем на ЈП Исар

Јорданов: Инвестираме во подземна инфраструктура, населба Македонка ќе биде дел од водоснабдителниот систем на ЈП Исар

Инвестираме во подземна инфраструктура, како никогаш до сега, истакнува градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

„Конечно, населба Македонка ќе биде дел од водонабдителниот систем во сопственост на ЈП Исар и локалната самоуправа.

Општина Штип од сопствени средства го финансира проектот за секундарната водоводна мрежа во должина од 1350 метри, а во вкупен износ од 2.900.000 денари.

Меѓутоа, овде нема да застанеме!

Оваа периферна населба, после 50 години ќе добие и асфалтирани улици, со што ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните од овој дел од градот“ – истакна тој.