Во с. Лакавица, направив увид при асфалтирањето на улицата, која води до основното училиште во ова населено место, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
-Вкупната површина на улицата изнесува 1460 м2, а вредноста на проектот е 1,5 милиони денари. Во наредниот период ќе продолжиме со реализација на низа други проекти, кои ќе ја подобрат инфраструктурата во урбаните и руралните средини во Општина Штип, истакна Јорданов.