Наскоро населбата 8ми Ноември ќе добие современ парк со повеќенаменски детски игралишта и содржини. Во наредните денови активно ќе работиме за изградба на повеќенаменско детско игралиште, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, ново игралиште за баскет и уредување со нова урбана опрема, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
Тој напиша дека инвестицијата во вредност од 2.000.000 денари ќе биде инвестирана од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните.
– Продолжуваат нашите активности во секоја населба, наш приоритет е во секоја населба да создадеме паркови и места за рекреација за нашите сограѓани, додаде тој.