понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јорданов: Власта се правдаше дека болницата во Штип не се гради оти има судски спор, сега спор нема, зошто не почне да се гради

Јорданов: Власта се правдаше дека болницата во Штип не се гради оти има судски спор, сега спор нема, зошто не почне да се гради

Имаме суштинска потреба во цел исток не само во општина Штип да се доизгради клиничката болница која беше започната в 2016 година и за година дена е изградено ова што денес стои. Со доаѓањето на оваа власт во новата зграда не се случува ништо, а главна причина и изговор им е дека таму има судски спор помеѓу фирмата изведувач од Грција и Бетон Штип како подизведувач. Сега спор нема, нека почне да се гради, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, за „Што не е јасно“ на Алфа.

-Кога дојдов како градоначалник, и покрај тоа што не е моја обврска и надлежност сметам дека ова е од суштинско значење како што и универзитетот е двигател на економијата во Штип, клиничката болница која дава услуга на целиот исток е исто така од суштинска потреба на градот. Сметав дека треба да искомуницирам со овие компании и благодарение на разбирливоста на една од компаниите успеавме да направиме спогодба и да се откочи процесот, рече Јорданов.

Тој додаде дека досега владините претставници кога биле прашани одговорот им е дека не е проблем финансирањето, туку судскиот спор, а сега нема таков, но не се гради.

– Еве сега е тргнат судскиот спор. Утре ќе има средба со министерот за здравство кога ќе почне ќе продолжи да се гради болницата, затоа што нема повеќе пречка, еве нека почне да се прави болницата. Надминати се временските рокови за изградба на штета на граѓаните од истокот, се одлеваат кадри во кои е вложувано со години, затоа што болницата не е само ѕидовите туку и кадрите и персоналот. Сметам дека треба да се направи исчекор, рече Јорданов.

Во врска со воздржаноста на советниците на СДСМ за иницијативата за барањето за помош владата да им помогне на граѓаните во затоплувањето, Јорданов истакна дека на СДСМ поважно им е да креираат перцепција дека општината не може да менаџира отколку да се помогне на граѓаните.

– Само заради различностите во политичките согледувања, низа на одлуки се на штета на граѓаните. Образложението на СДСМ е како да се одмогне затоа што нема друго, кога не давате поддршка за сопствените граѓани, освен да креираат перцепција дека некој не може да менаџира, изјави Јорданов.