Од денес почнуваме со промена на застарената водоводна и канализациона мрежа на ул.„Солидарност“, информира градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
-Инвестицијата е во вредност од 1.712.000 денари од Буџетот на Општина Штип. Веднаш после завршување на овој зафат, ќе пристапиме кон асфалтирање на улицата – проект финансиран од Светска банка.
Населба Автокоманда после децении ќе добие модерен, функционален и урбан изглед, а проблемите со честите дефекти на водоводната и канализациона мрежа, ќе бидат минато, пишува Јорданов на Фејсбук.