вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јорданов: Започна промената на водоводната и канализациона мрежа на ул.„Солидарност“ во Штип

Јорданов: Започна промената на водоводната и канализациона мрежа на ул.„Солидарност“ во Штип

Од денес почнуваме со промена на застарената водоводна и канализациона мрежа на ул.„Солидарност“, информира градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

-Инвестицијата е во вредност од 1.712.000 денари од Буџетот на Општина Штип. Веднаш после завршување на овој зафат, ќе пристапиме кон асфалтирање на улицата – проект финансиран од Светска банка.

Населба Автокоманда после децении ќе добие модерен, функционален и урбан изглед, а проблемите со честите дефекти на водоводната и канализациона мрежа, ќе бидат минато, пишува Јорданов на Фејсбук.