недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јовчески: Асфалтираме улици и градиме водоводи, динамиката на реализација на проекти во Прилеп е на највисоко ниво

Јовчески: Асфалтираме улици и градиме водоводи, динамиката на реализација на проекти во Прилеп е на највисоко ниво

Продолжуваме со темпото на асфалтирање улици и рехабилитација. Тоа што го започнавме пред неколку месеци, веќе сме достигнати на 40 илјади квадратни метри асфалтирани улици, рехабилитирани, коишто овој втор реон којшто моментално го гледаме го зафаќа и просторот каде што е лоциран и домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ и тоа е од огромно значење бидејќи досега со години овде имаше само дупки и оштетени позиции, неасфалтирани делчиња коишто навистина во кратко време успеавме да ги рехабилитираме, истакнуваме Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп.

-На половина сме од проектот, бидејќи имавме проект со програма да бидат околу 80 илјади метри квадратни и со тоа докажуваме дека динамиката на работа е навистина на најбрзо ниво. Второ нешто коешто денеска исто така во Прилеп вреди да се пофалиме е воведот во работа пред неколку денови на новиот водовот во населено место Канатларци, кадешто во должина од 2.100 метри имаме нов довод на вода и реконструкција и обнова на старите бунари и реконструкција, односно изградба на нов бунар со пумпни станици. Со тоа капацитетот на водоснабдување конечно после долги години ќе биде на задоволително ниво, со некаде околу 9 литри во секунда за разлика од досегашните едвај 4 литри коишто навистина за тоа населено место им беа недоволни, посебно во летните денови, бидејќи местоположбата на Канатларци е таму каде што е и тоа е навистина едно сиромашно место за природен доток на вода, а и поголемиот прираст на население, којшто од година во година се зголемува, сега е околу 1.200 жители, и тоа е за поздравување во секој случај, бидејќи наталитетот и тоа како ни значи во нашата општина, рече тој.

Тој им го честита вчерашниот прв ден на првачињата, но и за почеток на школската година на сите ученици.

-Нешто кое што можеме со гордост да го потенцираме е дека локалната самоуправа одвои од буџетот сума која што е за 664 дечиња обезбеден оброк со здрава храна и со тоа го подобруваме и квалитетот на живеење и условите каде што новите првачиња влегуваат во за нив една нова средина. Воедно јас би го спомнал и денешниот, односно почетокот беше од вчера, ги поканувам сите граѓани како од Прилеп, така и од другите градови во Македонија, во Прилеп имаме одлична манифестација, а тоа е фестивалот на пивото каде што во огромен број синоќа, а и денеска и утре го продолжуваме со добра скара ладно пиво, музика и добро расположение, посочи тој.