среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јовчески нпарви увид во темелното чистење на речното корито на Градска река

Јовчески нпарви увид во темелното чистење на речното корито на Градска река

Извршивме увид во темелното чистење на неурбанизираниот дел од речното корито на Градската река. Овој потег на реката не е исчистен со години со ваква градежна механизација.
Заедно со директорот Рубинчо Абрашоски разговаравме за динамичкиот план за оваа акција за чистење која што сигурно ќе се одвива до каде што има пристап механизацијата, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Прилеш Борче Јовчески.

Воедно во месец март , речното корито беше исчистено на потегот од мостот на ул ,,Трајко Николоски’’, до потегот кај железничкиот надвозник, но и овој дел од речното корито повторно ќе се исчисти со оглед на големите поплави кои зад себе оставија многу отпад, земја и мил. Копањето на наталожената земја и мил, чистењето на отпадот и транспортот до депонијата во Алинци на сиот отпад, ќе потрае дефинитивно подолго време, затоа што само досега се транспортирани над 120м3 отпад. Остануваме на висина на своите работни задачи и обврски, истакна Јовчески.