петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Карашов: Бочварски ветуваше општина за сите, а сега брка професионалци на улица за да си вработи партиски кадри на СДСМ

Градоначалникот, без срам и грижа на совест, ги остави луѓето на улица, ги остави без парче леб и егзистенција за своите најблиски, рече тој.
Карашов: Бочварски ветуваше општина за сите, а сега брка професионалци на улица за да си вработи партиски кадри на СДСМ

Градоначалникот Бочварски пред изборите јавно им ветуваше на вработените во општината, дека на никој влакно нема да му фали, дека Штип ќе биде општина за сите, но откако седна во градоначалничката фотелја, заборави на своите ветувања.

Ова денес го истакна Горан Карашов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

-Минатата недела, петмина вработени во општина Штип, останаа без работа. Луѓето кои имаа огромно работно искуство и беа професионалци во работењето, не вредеа за градоначалникот. На нивно место, се вработени партиски кадри од СДС, за кои дошло времето кога партијата треба да им се оддолжи. Градоначалникот, без срам и грижа на совест, ги остави луѓето на улица, ги остави без парче леб и егзистенција за своите најблиски, рече тој.

Карашов порача дека ВМРО-ДПМНЕ го повикува градоначалникот Бочварски да одговори:

Зошто не остана доследен на своите ветувања? Зошто манипулираше со вработените во локалната самоуправа?

Ваков ли е ветениот живот? Ова ли е една Општина за сите?