сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Казнети 17 возачи за пребрзо возење во тетовско

Казнети 17 возачи за пребрзо возење во тетовско

СВР Тетово информира дека вчера од 8 до 20 часот била реализирана уште една од серијата контроли, во која се откриени и санкционирани 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од нив 11 во тетовско и шест во гостиварско подрачје надвор од населено место.

Едно од пречекорувањата во тетовскиот регион било за повеќе од 70 километри на час.

-СВР Тетово со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот во и надвор од населено место и да придонесат за поголема безбедност на патиштата и улиците на тетовско-гостиварско
подрачје. Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контроли на брзината со која се движат возилата во поширокиот Полошки регион, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

Во акциската контрола санкционирани се и осум надминувања на пропишаната брзина во населено место за 50 километри на час. Во рамките на контролата констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 73 други видови сообраќајни прекршоци од кои 39 во тетовско и 34 на гостиварското подрачје.