четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Кочанчанец и кажувал на сопругата за кого да гласа

Кочанчанец и кажувал на сопругата за кого да гласа

Од МВР денеска информираат дека во Кочани едно лице го нарушило избирачкиот процес нагласувајќи и на сопругата за кого да гласа.

– Во ОВР Кочани, претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место 835 во Кочани пријавил дека околу 11 часот, С.М. го нарушил избирачкиот процес и на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа, а кога бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче. За настанот изготвен е записник од страна на избирачкиот одбор, запознаен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето, информираат од МВР.