четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев изврши увид, Горно Оризари наскоро ќе добие комплетно уреден плоштад

Колев изврши увид, Горно Оризари наскоро ќе добие комплетно уреден плоштад

Новиот градоначалник на Велес, Марко Колев денеска изврши увид во градежните работи во Горно Оризари, каде започна реконструкцијата на плоштадот во селото.

„На терен, работниците од Друштвото за градежништво „ИЗГРЕВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Велес“, со машини го гребеа постоечкиот асфалт. Во следната фаза од градежните зафати ќе се постават уличните рабници, ќе се нивелираат капаците на постоечките шахти и потоа ќе се асфалтира плоштадот и улицата.

Реконструкцијата на плоштадот во село Г. Оризари се реализира со средства од буџетот на Општина Велес во висина од 2.355.280 денари со вклучен ДДВ“, истакна тој.

Според договорот, рокот за изведување на градежните активности е еден месец, по што жителите на ова населено место ќе добијат комплетно уреден плоштад.