вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев со силни пораки до велешани, најави дел од проектите

Колев со силни пораки до велешани, најави дел од проектите

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Велес, Марко Колев вели дека иако се обиделе да дадат добронамерни совети во неколку наврати до локалните власти во изминатите месеци во врска со изградбата на затворениот Градски пазар, сепак тие немале слух.

-На нашите сограѓани им даваме ветување дека проектот за изградба на затворен Градски пазар силно ќе го поддржиме (нема да ја попречуваме изградбата, нема да го политизираме и ветуваме дека ќе го доизградиме). Ќе формираме проектен тим, тим од стручни лица на чело со тим лидер и заедно со проектантот, ревидентот на проектот, фирмите изведувачи и надзорот на објектот ќе го изградиме затворениот Градски пазар. И се обврзуваме дека оштетената фекална канализација, цефката од ф700, стара повеќе од 40 години, која минува среде горниот и долниот дел од пазарот и ја собира фекалната канализација од дел од улиците од левата страна на општина Велес ќе ја дислоцираме во најбрзо време, вели Колев.