СДСМ на парламентарните и локалните избори настапија со нереална програма, ветувајќи проекти и мерки во сите општини, кои денес во најголема мерка, останаа нереализирани.
Една од општините каде СДСМ целосно потфрли е скопски Аедором, една од општините со најголем број на жители во Македонија.
Во Аеродром СДСМ ветија целосна гасификација на општината, каде првично истиот би се понудил на стопанските субјекти, но и за компаниите кои планираат да инвестираат во инустриската зона. Овој проект требаше да помогне и во борбата за почист воздух, но од ова аеродромци не видоа ниту гасификација, ниту нови инвестиции, ниту отворање на нови работни места, а најмалку од се почист воздух.
СДСМ ветуваа изградба на атмосферски и фекални канализации и поголеми колектори, со цел решавање на овој горлив проблем, но овие 3 години нова канализациона мрежа не е изградена.
За жителите на Аеродром СДСМ ветија и изградба на нов затворен пазар, кој во себе би содржел посебни делови за продажба на градинарски производи, млечни производи, свежо месо, дел за хортикултура, маркет, кафетерија, катче за деца, паркинг, магацински простор за корисниците на зелениот пазар, административни простории и сл. СДСМ повторно ветија и излажаа.
За образованието и културата, СДСМ во Аеродром ветија изградба на ново средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“, како и изградба на мултинаменски културен центар.
За сите овие ветувања СДСМ излажа, а градоначалникот Марин важи за едно од најголемите градоначалнички промашувања во историјата на локалната самоуправа.
На лагите и нереализираните ветувања на СДСМ им доаѓа крај. На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија, стои во објавената реакција на фејсбук страницата Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.