сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Ќе ја ревитализираме, обновиме и доизградиме туристичката рута Тумбе кафе- Смолево

Коњановски: Ќе ја ревитализираме, обновиме и доизградиме туристичката рута Тумбе кафе- Смолево

Значи изработка на стратегија е основа за туризмот во смисол на заедно со туристичките работници. Таа стратегија никогаш фактички не ни била донесена во целост. Формирање на биро на ниво на локалната самоуправа кое ќе ги артикулира барањата на туристичките работници, не само од делот на Пелистер, меѓутоа и од целата друга туристичка понуда која следи, истакна Тони Коњановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Битола во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Коњановски додаде дека со донесување на ГУП и ДУП-ови ќе се овозможи подобро функционирање на Битола.

„Како што реков со донесувањето на ГУП и со донесувањето на ДУП-ови ќе се овозможат локации, места каде што ќе можат инвеститорите кои се во најава да инвестираат во изградба на објекти, туристички капацитети. Тоа секако ќе го зголеми и туристичката градска понуда во градот. Ние сме спремни во самиот почеток уште да ја ревитализираме, обновиме и доизградиме туристичката рута Тумбе кафе – Смолево, тоа е една прекрасна пешачка зона која може да се оплемени и со велосипедска патека и содржини кои ќе бидат атрактивни за секојдневното туристичко движење низ градот“, појасни Коњановски.

Коњановски посочи дека во изминативе четири години локалната власт воопшто ништо не направи за туристичките работници и самиот туризам во Битола.