К: Дали се залагате да ги исполните препораките дадени од лидерот на вашата партија Христијан Мицкоски за започнување на три капитални проекти кои што треба да се исполнат во првите 100 дена од вашиот мандат? (Кои се тие три)
Паунов: Апсолутно сме посветени кон започнување на нови, но и завршување на веќе започнатите проекти, она што се работи во моментот е ставање во функција на институциите како сервис за граѓаните.
Ќе посветиме внимание кон завршување на проектот филтер станица односно докомплетирање на истиот со изградба на цефководи кон населените места во општина Карбинци и добивање на чиста и здрава вода за пиење. Во следниот период ќе се започне и постапката за реконструкција на патниот правец село Таринци – село Долни Балван со изградба на велосипедско пешачка патека.
И еден од приоритетните активности би биле решавање на проблемот со депониите и тоа во прва фаза уредување а веќе во втора фаза и трајно дислоцирање.
К: Дали исто така ќе се откажете од сите привилегии кои ви се нудат на располагање во општината?
Паунов: Привилегиите за функционерите во општина Карбинци се веќе минато. Овој тим на функционери на чело со мене како градоначалник нема да потпишува договори за репрезентации, ниту службените возила ќе бидат мета на злоупотреби, единствено ќе бидат користени за службени потреби.
К: Кои се вашите проекти кои им ги ветувате на младите во вашата општина?
Паунов: Во мојата предизборна програма се опфатени младите во многу сегменти. Ќе изградиме нова спортска сала во овој 4 годишен мандат, ќе стимулираме нови бизниси за млади со поддршка од локалната самоуправа, ќе стимулираме млади земјоделци. Со поддршка во спортот и спортските терени во општина Карбинци…
К: Кои се проектите кои им ги ветувате на граѓаните во следните четири години?
Паунов: Ветуваме почиста општина, уредени јавни површини, асфалтирани улици, нова училишна зграда, нова детска градинка, велосипедско пешачки патеки, здрава и чиста вода за пиење и многу други проекти за подобрување на животот на жителите на Карбинци.
К: Дали веднаш започнавте со работа и што наследивте од претходниот градоначалник кој беше на власт во изминатите четири години?