понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ЛИДЕР: Експлозија во РЕК Битола – причинета огромна штета

ЛИДЕР: Експлозија во РЕК Битола – причинета огромна штета

Експлозија се случила попладнево во РЕК Битола и во моментов целосно е излезен од функција вториот блок на централата, јавува Економски Лидер.

Според информациите што ги објави Лидер експлозијата се случила на 6 киловолтна склопка од напојна пумпа.

Со соопштение вечерва одговорија од РЕК Битола:

– Денеска во 15,20 часот дојде до краток спој во една од келиите за висок напон на Блокот 2. Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 испадна од мрежата на електро системот, се вели во соопштението.

Од комбинатот додаваат дека отстранувањето на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во употреба.