Шумскиот пожар што синоќа избувна над Ново Село на местото викано „Рамна ритка“ е ставен под контрола и е локализиран, изјави Александар Гудев, командир на Територијалната противпожарна единица во Струмица.
Пожарот избувнал синоќа и зафатил нискостеблеста шума на поголема површина.
Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и шест пожарникари и екипи на јавното претпријатие „Македонски шуми“.
На местото на пожарот останале противпожарни екипи кои ги санираат остатоците од пожарот.
(Миа)