Локалната самоуправа ќе продлжи да го поддржува ракометниот клуб Охрид, потврди на денешната средба со играчите и стручниот штаб градоначалникот Кирил Пецаков.
– На средбата градоначачникот им посака успех во претстојната сезона, да продолжат да бидат една убава слика на градот. Претседателот на клубот изрзи благодарност за поддршката што Општина Охрид ја дава на клубот и во знак на благодарност капитенот на клубот Крсте Андоноски му врачи дрес на Пецаков, соопшти општинската прес-служба.
На крајот од средбата, како што е наведено, заедно посакале повторно да се сретнат во овој состав за да прослават успех во натпреварувачката сезона.