среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мајсторски: Додека го чекаме „животот“ кој го ветуваше СДСМ, ќе почнеме да ги губиме животите на патиштата

Советникот порачува дека СДСМ на последните избори ги манипулираше граѓаните со логото „Живот во Македонија за сите“.
Мајсторски: Додека го чекаме „животот“ кој го ветуваше СДСМ, ќе почнеме да ги губиме животите на патиштата

Колку СДС се грижи за граѓаните од Источниот регион покажува токму овој дел од патот, кој води кон Скопје,истакна денес Филип Мајсторски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Штип.

-На оваа сообраќајна делница, секојдневно минуваат по илјадници граѓани од овој регион, меѓутоа со огромен ризик по нивниот живот. Иако, клучката кај Три Чешми, која треба да ги поврзува автопатот Штип – Миладиновци и експресните патишта Штип – Кочани и Штип – Радовиш, требаше да биде завршена уште минатата година, овие педесетина метри сведочат за неработата на актуелната власт. И покрај тоа што помина една година откако СДС ја формираше Владата и откако ветуваа проекти, со акцент на капиталните, до денес не можат да асфалтираат само педесетина метри регионален пат, вели тој.

Советникот порачува дека СДСМ на последните избори ги манипулираше граѓаните с

о логото „Живот во Македонија за сите“.

-Моменталната власт, ниту работи врз подобрување на животот, ниту ја интересираат граѓаните на Источна Македонија. Единствено на што работи СДС во клучните претпријатија е промена на раководните функции, со партиски послушници. Овој патен правец е еден од најважните во регионот, но истиот тој носи најголем ризик по животот на сите граѓани кои минуваат по него. Оваа собраќајна делница ја покажува неодговорноста на актуелната власт и ја отсликува неажурноста и неспособноста на Владата во сите сфери на живеењето, истакна Мајсторски.

ВМРО-ДПМНЕ од Штип прашува – уште колку време е потребно да се чека да се заврши овој патен правец?

-Зарем треба да изгубиме човечки животи, за Владата да се сети да си ја заврши работата? Кој ќе ги врати парите на граѓаните за амортизација на возилата? Ги повикуваме СДС да одговорат на овие прашања, затоа што од Животот во Македонија, ќе почнеме да губиме животи на патиштата во Македонија, порача тој.