четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мерки и препораки за заштита од загадувањето во Тетово

Мерки и препораки за заштита од загадувањето во Тетово

Во Тетово од денеска стапуваат во сила мерките и препораките за заштита од аерозагадување, поради надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина од 10 микрометри во два последователни денови.

-Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, истиот е надминат на мерното место Тетово, соопштуваат од Владата на Република Македонија.

Среднодневните концентрации на PM10 во Тетово на 29 изнесувале 210,58, додека на 30 јануари 210,48 микрограми на метар кубен.

Мерките и препораките се во сила и во Струмица.