недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мерко: Струга нема никаков проблем со заштита на природното и културното наследство

Мерко: Струга нема никаков проблем со заштита на природното и културното наследство

Општина Струга нема никаков проблем со заштита на природното и културното наследство и нема градби во заштитената зона, повтори градоначалникот Рамиз Мерко, по најавите на министерката за култура и претседател на Националната комисија на УНЕСКО Ирена Стефоска дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање ингеренции на општините Охрид и Струга за, како што рече, немањето волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано на листата на УНЕСКО.

-Повеќе пати сум изјавил и сега истото го кажувам дека ние немаме никаков проблем со заштита на природното и културното наследство. Целосно е запазена зоната покрај езерото да нема градби, ниту диви, ниту со дозвола. Во тој предел и не смееме да дадеме одобрение за градење. Одговорни сме и во никој случај не го загрозуваме природното и културното наследство за зачувување на стаусот во УНЕСКО, изјави Мерко.

Пред повеќе од една година, Општина Струга побара ослободување од ингеренциите во областа на урбанизмот, но од Министерството за транспорт и врски доби одговор дека за тоа не постои законска можност.  (МИА)