На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со повисоките цени, истакна дека покачените цени на основните производи ги јадат семејните буџети на граѓаните, а половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден.
-Повисоките цени го јадат семејниот буџет, половина милион луѓе живеат со сто и педест денари на ден, а покачени се цените на маслото, млекото, брашното, а денеска по кој знае по кој пат се покачи и цената на бензинот,а се најавува и она кое ВМРО-ДПМНЕ го говореше покачување на цената на струјата, а платите не се доволни за подмирување на основните потреби, вели Мицкоски.
Мицкоски ги праша радовишани дали се подготвени да им подари нови четири години на истите луѓе кои веќе два пати до сега ги изневерија сите очекувања, даваа лажни ветувања и потонаа во својата моќ и ароганција, во корупција притоа играјќи си со животите на граѓаните, праша дали секој граѓанин на Радовиш навистина живее најдобро.