Да направиме промени. Тоа сакам да го направам со вас, со ваша подддрша, бидејќи е за вас, рече Тони Михајловски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг.
Михајловски се осврна на дел од проектите кои ќе ги реализира во текот на мадатот, меѓу нив е изградба и заокружување на патнатата инфраструктура.
„Ќе изградиме 60 километри патна инфраструктура во градот, катни гаражи, велоспидески патеки, кружни текови во градот“, рече Михајловски.
Приоритет ќе биде и Куманово да биде чист град, ќе има бесплатен приклучок на гас за домаќинстава и бизнисите.
„Ќе се воспостави модерно управување со отпад. На само 5 километри воздушна линија од Куманово во село Пчиња се наоѓа депонијата Краста која е депонија од минатиот век со несогледиви последици за здравјето на луѓето и почвата. Отпадот ќе биде вредна суровина преку селектирање, рециклажа и компресирање. Кумановка да биде чиста река. Изградба на кеј од двете страни на реката и трајно решение со,кое нема да се фрла отпад во неа. Реконструирање на постоечките запуштени мостови и изградба на два нови моста“, кажа Михајловски.
Михајловски најави и низа на објекти за најмладите од градинки, училишта.
„Ќе изградиме на нов училиштен објект за потребите на гимназијата Сами Фрашери. Децата заслужуваат и мора да добијат модерни услови за следење на наставата. Заедно со родителите ќе изнајдеме каде би било најдоброто место за овој училиштен објект. Ќе има и нови детски градинки. Крајно време е Карпош, Перо Чичо и Зелен рид да добијат градинки“, кажа Михајловски.
Кандидатот вети и многу други проекти.
„Проект за нов театар во Куманово. Проект за нов албански театар. реконструкција на спортската сала. Реконструкција на Соколана. Проект за реконструкција на градскиот стадион“, рече Михајловски.
Тој напомена дека ова се само мал дел од програмата која ја нуди тој и партијата.
„Со оваа програма имаме намера Куманово да го ставиме на сите мапи. На културната, спортската и економската мапа на Балканот, Европа и Светот. Ајде наново да го градиме Куманово. За победа, за промена и за проекти. За Куманово“, заклучи Михајловски.