среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милевски: Откако сами признаа дека овие 4 години згрешиле, покажаа дека не знаат да работат, сега го нудат менаџерот за живот на рати- Христо Кондовски

Милевски: Откако сами признаа дека овие 4 години згрешиле, покажаа дека не знаат да работат, сега го нудат менаџерот за живот на рати- Христо Кондовски

Почитувани битолчани, сакам да упатам огромна благодарност, до сите кои беа дел од синоќешниот голем митинг на плоштадот Магнолија, со нашиот кандидат за градоначалник д-р Тони Коњановски и претседателот на ВМРО ДПМНЕ професор доктор Христијан Мицкоски. Сакам да го изразам задоволството од вашата одважност, храброста и решеноста Битола да зачекори напред! Доста е назадување, доста е манипулирање, истакна Пеце Милевски, носител на листата на кандидати за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија во општина Битола.

-Преку реализација на проекти, идеи, преку решавање на проблемите, но и планирање на иднината – Битола мора да биде развиена и да биде дом за сите граѓани.

Почитувани граѓани, како предводник на победничката советничка листа, се обврзувам дека Советот ќе биде првиот тим на градоначалникот, но и неговиот коректив, се обврзувам дека сите ние чесно, посветено и одговорно ќе работиме и ќе реализираме проекти кои и се неопходни на Битола, кои ќе го подобрат квалитетот на животот на секого од вас поединечно!

Откако сами признаа дека овие четири години згрешиле, признаа дека немаат ниту проекти, ниту план и визија, покажаа дека не знаат да работат, сега го нудат менаџерот за живот на рати – Христо Кондовски.
Сакам да порачам дека Битола, Битола не е приватна фирма, ниту робусна коцка или некаков тренинг полигон! Битола нема време за експерименти, кои најскапо ве чинат вас почитувани битолчани!

Оправдан е вашиот страв дека Христо Кондовски и неговото струмичко друштво ќе и се настрват на Општина Битола и ќе ја претворат во приватна фирма за склучување на зделки и богатење на нивните бизнис партнери на грбот и маката на битолчани! Тоа ние сите заедно нема да го дозволиме!

Битола е ваша почитувани граѓани, Битола е на битолчани и овој пат за тоа ЗАЕДНО ќе се избориме!