За Христо Кондовски нема потреба да се фабрикуваат муабети и скандали. Ги има толку многу, за што и две кампањи не се доволно само да ги наброиме, ова денеска преку прес-конференција го истакнува носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Пеце Милевски.
-За менаџерот за живот на рати, Христо Кондовски нема потреба да се фабрикуваат муабети и скандали. Ги има толку многу, за што и две кампањи не се доволно само да ги наброиме. Од каде побрзо да почнеме? Дали од тоа дека живее луксузно на грбот на земјоделците? Им ги наплаќа оддеднаш сите пари, а им ги исплаќа на рати? За него и за неговите “другари” луксузен живот, за сите други живот на рати, вели Милевски.
Тој прашува дали да го повториме прашањето дека неговиот бизнис, кој постои само заради “другарите” од Струмица, вреди само 10% во реалниот живот?
-“Менаџерот” фалбаџија, не одговори дали е точно дека издал обврзница а од вистинските бизнисмени, успеал да собере помалку од 10 проценти, тие јасно му кажаа дека не му веруваат за да вложат во неговата обврзница. Треба ли да потсетуваме дека само пред некој ден грубо го прекрши Законот? Отиде во Домот Сју Рајдер за да се слика со старите и изнемоштени лица, иако тоа е строго забрането со Изборниот Законик. Почитувани битолчани, Христо Кондовски прави се за својата лична корист. Не му значи ништо вистината и прави последни панични обиди да го оттргне вниманието од неговите скандали со ширење лаги за нашиот кандидат и иден Градоначалник , Тони Коњановски. Повели Христо информирај се кај вашата министерка Шеќеринска, дали некогаш нешто е направено противзаконско, а во корист на нашиот кандидат и таа е дел од твоето “ново друштво” струмичко-арамиска дружина и другарот од ЕЛЕМ. Го прашуваме Христо, дали веќе се потрошија парите од тендерите со ЕЛЕМ ? Дали планира Битола да ја претвори во град – фирма за делење проценти за него и неговите другари од Струмица? Почитувани, како што и сам кажа во едно телевизиско интервју, за него не се воопшто важни Битола и битолчани, туку парцелите, бизнис – партнерите, и општинската каса. Дали заедно со своите бизнис другари планира од Битола да прави Стентоград?, прашува Милевски.