Милион денари поддршка за ракометниот клуб ГРК ,,Тиквеш 2014″ од буџетот на општината Кавадарци, ваква едногласна одлука беше изгласана денеска на седница на кавадаречкиот Совет на општината.
– Паричното поддржување се дава како награда и поддршка за сите досегашни успеси и секако поттик за идните, што ќе бидат дел од пласманот на ГРК ,,Тиквеш 2014″ во Европскиот челинџ куп 2023/2024 година, беше појаснето на седницата.
Градоначалникот Митко Јанчев и Советот на Општина Кавадарци, им доделија и благодарници на ракометарите, стручниот тим, управниот и надзорниот одбор, нагласувајќи дека тие се гордоста на Кавадарци.