недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Грк преминал македонска граница криејќи се во багажен простор

Грк преминал македонска граница криејќи се во багажен простор

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата од Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено преминување на државна граница“.

На 19.07.2023 на граничен премин „Богородица“, пријавените со патничко возило префрлиле државјанин на Република Грција, прикривајќи го во багажниот простор од возилото, со цел да ја избегне граничната контрола.