недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски најави изградба на нови велосипедски патеки и нови пешачки зони во Охрид

Милошевски најави изградба на нови велосипедски патеки и нови пешачки зони во Охрид

Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација. Охриѓани и туристите да добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони. Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење.

Ова денеска го порача Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Притоа тој најави изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан, субвенционирање за купување велосипед за охриѓани, партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки кои ќе бидат нови препознатливи места за рекреација, авантуристички (адреналински) паркови, опрема и реквизити за забава како висечки скали и патеки, качувачки карпи и слично.

Милошевски уште најави изградба на музеј на Охридско Езеро како нова атракција каде што охриѓани и посетителите ќе се запознаат со богатата флора и фауна.