недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски: Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат, Охрид заслужува повеќе

Милошевски: Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат, Охрид заслужува повеќе

Охрид мора да биде убав, да направиме од градот убаво и квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани, истакна кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски.

-Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување. Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите. Културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад, напиша Милошевски на Фејсбук и додаде:

„Охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и пријатно поминато слободно време. Покрај тоа, со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот. Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат. Затоа ние нема да застанеме тука со уредување и реконструкција на плоштадите, како и со реализацијата на многу други проекти од Програмата. Охрид и охриѓани го заслужуват тоа. Број 5 за работа, успех и иднина! 5 за Убав Охрид, 5 затоа што Охрид повикува!“.