сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Минатата година во Тетово и руралните општини регистрирани 452 прекршоци за нарушување јавен ред и мир

Минатата година во Тетово и руралните општини регистрирани 452 прекршоци за нарушување јавен ред и мир

На подрачјето на Тетово и руралните општини во текот на минатата 2020 година полицијата регистрирала вкупно 271 прекршок од областа на јавниот ред и мир. Во најголем број целосно се расчистени и заокружени се 330 барања за поведување на прекршочна постапка. Во овие прекршоци вкупно биле инволвирани 452 сторители.

-Најголемиот број од минатогодишните прекршоци се случиле во град најмногу со поединечно учество на извршителите. Меѓу сторителите, најбројни се машките лица претежно на возраст над 25 години. И лани најзастапени меѓу прекршоците се физичките напади, тепачки, омаловажување на овластено службено лице, уживање на наркотични дроги и психотропни супстанци, занемарена грижа за дете или штитетник, оддавање на пијанство и така натаму. Најчести места на случување се улицата и угостителските објекти, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека според анализата на евидентираните прекршоци во областа на јавниот ред и мир карактеристично е и тоа што минатата година значително намален е бројот на прекршоци во и околу училишта и на спортски натпревари. (МИА)