петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Минатиот месец санкционирани 2401 возач во тетовско

Минатиот месец санкционирани 2401 возач во тетовско

Во текот на септември годинава, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и соодветно санкционирале 2401 сообраќаен прекршок, а биле контролирани 5550 учесници во сообраќајот.

-Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 134 возила.Најмногу од исклучените возила ( 102 ) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 32 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките. Во периодот за кој станува збор, од сообраќај биле исклучени и 382 возачи, од кои 197 кои управувале без возачка дозвола, 10 со несоодветна категорија, 4 со важечка забрана, 110 возачи-почетници и 61 кои управувале под дејство на алкохол, информира Марјан Јосифоск, портпарол на СВР Тетово.

Откриените сообраќајни прекршоци минатиот месец,  заокружени се со 692 прекршочни и 1354 мандатни плaтни налози, како и со 355 писмени опомени. Во септември ,исто така, времено биле одземени 128 возачки и 90 сообраќајни дозволи.