среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Митко Јанчев на терен во спроведување на превентивната акција за употреба на заштитна кацига (ВИДЕО)

Митко Јанчев на терен во спроведување на превентивната акција за употреба на заштитна кацига (ВИДЕО)

Превентивната акција за употреба на заштитна кацига, има за цел поттикнување на сите возачи на мопеди да носат заштитка кацига

Локалниот советот за превентива, тело кое го раководи градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев без претходна најава, вечерва спроведе ноќна превентивна акција наменета за возачите на мопеди. Конкретно беше практична проверена состојбата со употребата на заштитна кацига кај нас.

Ова тело во кое членуваат компетентни и стручни лица на Кавадарци, има за цел да превенира појави кои имаат помасивна опфатеност од безбедносни и други ризици, а со цел наместо со репресија , преку превенцијата да се намалат девијантните појави.

Неупотребата на заштитна а кацига кај нас ( во над 90 проценти од случаите ) беше причина повеќе да се направи практична акција која со помош на припадници на ПС од ОН Кавадарци беше спроведена на повеќе локации во градот.

Притоа активистите на Советот на превенција;градоначалникот Митко Јанчев претседателот на Советот Ристо Сакалиев, судијата Лазар Нанев,командирот на ПС од ОН Кавадарци Сашко Димовски и други лица стручни во областите во кои професионално работат, лично делеа флаери со превентивни пораки.

Притоа во разговор со управувачите на мопеди кои не носеа, им беше предочена потребата за нивна безбедност , со носењето на заштитната кацигата.

Статистички , превентивните акции даваат над 50 проценти подобри резултати од репресивните мерки.

Затоа градоначалникот Јанчев, уште на стартот на неговиот мандат се заложи превентивата да ја применува кај разни девијантни појави присутни кај дел од нашите граѓани.