Со каранфили во рацете и насмевки на лицата младите активисти од УМС при ОК ВМРО ДПМНЕ од Берово, денеска на припадничките од понежниот пол им го честитаа меѓународниот ден на жените, 8-ми Март.
Упатени од повеќе места на Берово кон Плоштадот Димитар Беровски, момчињата им го разубавија денот на девојките и жените, кои ги сретнаа патем со честитките дека нивните сограѓанки не ги забораваат.
-Тие се нашите баби, мајки и тетки, тие се силата на нашите фамилии и општество со кои животот почнува и продолжува. Тие не родиле и пораснале, тие се мајки, тетки и стрини, тие се нашите баби. Пркосни и горди да застанат зад своите чеда секогаш и секаде, нашите водилки во животот и нашите огништа, најутешните зборови но и најголемите критичари, изворот и огледалото на амбицијата и ентузијазмот да се биде и мајка, и сопруга, и домаќинка и вреден работник. Тие се не уморни светилки во нашите животи. Нека им е среќен 8ми Март на сите припаднички на понежниот пол, да бидат борбени, убави и достоинствени секој ден, а ние мажите тоа да не го забораваме и секој ден да им подаруваме внимание, почит и љубов зошто тоа го заслужуваат, истакнаа младите џентлмени од УМС од Берово.