сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

МВР: 113 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

МВР: 113 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Во периодот од 10.00 до 16.00 часот, вчера на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 113 возачи.

Од нив, 29 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.