четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

МВР: 29 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

МВР: 29 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Денеска (21.12.2021) во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 29 возачи. Од нив 10 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.