недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

На територија на СВР Битола санкционирани 66 возачи

На територија на СВР Битола санкционирани 66 возачи

Денеска (16.09.) во периодот од 08 до 14 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 66 возачи. Од нив 34 на територија на Битола, 11 на територија на Прилеп, 15 на територија на Ресен…

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.