сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

На територија на СВР Охрид за само 6 часа казнети 104 возачи кои возеле пребрзо

На територија на СВР Охрид за само 6 часа казнети 104 возачи кои возеле пребрзо

На 11.09.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 104 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-17, Струга-28, Кичево-32, Дебар-27).

– Акциските контроли ќе бидат интензивирано со цел зголемување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот, посочуваат од СВР Охрид.