четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Најдовски: Нови работни места, решавање на проблемот со водоснабдувањето, нови паркови и патна инфраструктура во Демир Хисар

Најдовски: Нови работни места, решавање на проблемот со водоснабдувањето, нови паркови и патна инфраструктура во Демир Хисар

Тргнаа против нас со сите расположливи средства, со целиот нивен арсенал, со закани и крајно нечовечки пристап и очекуваа дека ќе ја украдат народната волја, но она што не го очекуваа, е дека ќе наидат на нашиот пркос, достоинство и големо срце. Почитувани, во неделата испишавте историја. За прв пат во овие 30 години независност, од позиција на опозиција извојувавме нерешен резултат и влегуваме во втор круг на локални избори, а на 31-ви октомври, веќе сум 100% убеден дека заедно, обединети и сплотени, ќе извојуваме голема победа за ВМРО-ДПМНЕ, голема победа за Демир Хисар и нашата Македонија, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Никола Најдовски, на вечерашната средба со граѓани во Демир Хисар.

Најдовски посочи дека во Демир Хисар го посетил  секое населено место, стотици  сограѓани, пред кои го претставил политички концепт, но и програма за овие локални избори, па повика сите граѓани да ја ја прочитаат истата и да се уверат во нејзината реализација на проекти за Демир Хисар и околните населени места кои ќе донесат нова иднина.

-Преку реализација на овие проекти, комплетно ќе се промени ликот на нашата општина, ќе се подобри патната и комунална инфраструктура, ќе се подобри водоснабдувањето во општината, ќе се изградат нови пешачки патеки, паркови, повеќенаменски спортски игралишта,ќе се реконтруираат училишните згради, но и ќе се обрне посебно внимание кон социјалната заштита на социјално загрозените семејства и најважно од се, општината ќе обезбеди услови со што ќе се содаде позитивна бизнис клима за привлекување на домашни и странски инвеститори и отворање на нови работни места.Работни места кои ќе овозможат достоинствен живот за нашите сограѓани и повисок животен стандард, вели Најдовски.

Најдовски увери дека со напорна, чесна и транспарентна работа, општината навремено ќе ги детектира и ќе нуди функционални и трајни решенија за сите проблеми.
Почитувани, остануваат уште десетина дена до конечната победа во оваа битка.

-Искористете ги овие денови да стапите во контакт со секој ваш роднина, сосед, пријател и колега и повикајте го да се приклучи кон оваа огромна победа на народот. Охрабрете ги да ги издржат притисоците и заканите овие денови и сами да одлучат за нивната иднина. Охрабрете ги и кажете им, дека за неколку недели од денес ќе имаме ново парламентарно мнозинство и нова влада предводена од проф.д-р Христијан Мицковски.Повикајте ги да ја видат големата слика, да ги видат промените и новата реалност во цела Македонија, повикајте ги сите заедно, одлучно и масовно да заокружиме број 7 на 31-ви октомври  да го впишеме Демир Хисар во листата на победнички општини, порача Најдовски.