Натпревар во играње табла по 16 пат се реализира во Кавадарци, во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.
– Годинава имаме рекорд во интересот за одмерување на силите во оваа древна игра. Се натпреваруваат 56 играчи на табла од повеќе општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, рече Филип Тасев, кој е дел од организацијата на таблијадата.
Меѓу натпреварувачите има и млади и стари, а меѓу нив се и три жени.
Седумнаесетгодишната Благојка Стојанова од Велес откри за МИА дека почнала да игра табла во друштво, а во Кавадарци дошла да биде дел од настанот и да си ги одмери силите во играње табла со останатите натпреварувачи.
МИА