На сите 50 избирачки места во Општина Ресен утрово во 7 часот почна гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од локалните избори, информира претседателот на Општинската изборна комисија Тодор Китевски.
Според него, гласањето тече нормално, без проблеми и потешкотии, а ќе се избира меѓу двајца кандидати за прв човек на општината.
Во Општина Ресен право на глас имаат 16.378 лица, од кои вчера во домашни услови гласале 130 стари, болни или немоќни лица и 12 во изолација поради Ковид – 19.